Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна седница донесе повеќе одлуки и решенија.
Владата усвои информација за вработувања на 600 приватни специјализанти, кои ќе работат во Јавните здравствени установи во државата. Како што соопштија од владината прес-служба, Министерството за здравство е задолжено да ги формулира критериумите по кои ќе се вработат специјализантите во две фази, во наредните две години по 300 лица годишно.
– На овој начин ќе се даде шанса за млад здравствен кадар во македонското здравство, активно ќе се влијае за намалување на метежот во здравствените институции и ќе се излезе во пресрет на долгогодишните барања за доекипирање на здравството, стои во соопштението.