Бобан Утковски нов директор на КПУ Затвор Скопје

Владата денес на седница го разреши досегашниот директор на затворот „Шутка“ Филип Андов, а на негово место е поставен Бобан Утковски, како в.д. директор.

„По констатираните неправилности од Управата за извршување на санкции во работењето на КПУ Затвор Скопје – Скопје, разрешен е директорот на затворот, Филип Андов. На негово место назначен е Бобан Утковски за в.д. директор на КПД Затвор – Скопје“, соопштија од Владата.

Утковски е поранешен полициски генерал а во конфликтот во 2001 година беше еден од предводниците на посебната полициска единица „Лавови“.

Треба да знаете
Последни објави