Во Македонија има 5 видови отровни змии, но еден е најстрашен – Еве како да ги препознаете (ФОТО)

Со доаѓањето на пролета и повисоките температури на воздухот, змиите и останатите влекачи излегуваат од хибернација и се во потрага по храна, а како што сме сведоци особено во изминативе неколку години се почести посетители се и на урбаните средини, како што се градовите.

Годинава имавме неколку случаи на каснување од змија, кои за среќа навреме беа донесени во болничките установи и нивниот живот беше спасен. Поради тоа 24Инфо поразговара со Богољуб Стеријовски кој е независен експерт за водоземци и влекачи во Македонија, еден од ретките кој навистина си ја знае работата, па тој ни откри колку видови отровни змии има во Македонија и како истите да ги препознаете.

Поскок

Поскокот како змија со најпотентен отров е јасно препознатлив по рогчето на врвот од муцката. Неговиот отров во себе во најголема мера содржи хемотоксин кои делува на крвта и крвните елементи и ги разлага ѕидовите на капиларите и крвните садови. Затоа по каснувањето на оваа змија се појавуваат отоци, вели тој.

Обична Шарка
Остроглава шарка

Инаку во нашата земја имаме 16 видови на змии, а покрај поскокот, кој е распространет насекаде до 1600 метри надморска височина, другите четири видови на отровни видови се: Обичната шарка и Остроглавата шарка – овие два вида се во истиот род на Лутици како поскокот и ги населуваат високо планинските пасишта на надморска висина од 1650 метри нагоре.

Мачја змија

Длабокочелниот смок и Мачјата змија – се видови од родот на смокови и се специфични што тоа што отровните заби им се наоѓаат назад на нивните вилици. Овие видови ги има на ниски надморски височини до 800 метри и имаат распространување по долината реката Вардар до Скопје и притоките Брегалница, Црна, Бабуна, Пчиња и Лепенец.

Длабокочелен смок

“Морам да нагласам дека кај здрав човек во услови на каснување има сосема доволно време да стигне од првиот поголем медицински центар и да добие соодветен помош, а притоа да нема последици по здравјето по каснувањето. Како ризични групи на граѓани се децата и постарите лица бидејќи механизмите на справување на организмот со таква интоксикација кај децата не се доволно развиени и моќни додека пак кај старите лица се ослабени. Исто така како посебна ризична група се луѓето кои би биле алергични на отровот на змијата, факт што никогаш однапред не би го знаеле, и во такви случаи реакцијата за барање на соодветна медицинска помош треба да биде брза!, додава Стеријовски.

Н.Ј.

Треба да знаете
Последни објави