Министерката во новото Министерство за енергетика, Сања Божиновска во својот анкетен лист до ДКСК има наведено бројни недвижности.
Во Скопје, Божиновска има два стана во Центар вредни околу 60 односно 70 илјади евра, но и помошни простории од 402 метри квадратни за кои нема наведено износ.
Сепак, она што отскокнува од останатите функционери, е фактот што Божиновска има недвижности надвор од државата.
Па така, во анкетниот лист, таа пријавила стан во Португалија во вредност од над 9 милиони денари или 150.000 евра, исто толку вреден стан во Србија, но и стан во Шпанија во вредност од неверојатни над 20 милиони денари или близу 350.000 евра.
Недвижностите во Шпанија и Португалија Божиновска ги изнајмува што се гледа и од анкетнииот лист каде таа пријавила приход од закупнина од овие недвижности.
Покрај ова Божиновска има пријавено и фирма во Република Чешка.
Од автомобили Божиновска има пријавено Нисан џип вреден 40.000 евра.
Со ваков милионски вреден анкетен лист, Божиновска се вбројува помеѓу најбогатите државни функционери.