Вчера на улицата Нов живот во Скопје, автомобил удри во малолетен пешак од Скопје, по што возачот го однел во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид од увидна екипа и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Исто така, вчера, на крстосницата од ул.„АСНОМ“ и ул.„Никола Карев“ во Охрид, автомобил управуван од Т.П.(25), удрил во 73-годишната У.К. – двајцата од Охрид.
Во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во охридската болница.
Извршен бил увид.