Првопријавениот В.Т., во периодот од август 2023 до 22.07.2024, заканувајќи се на тогаш 17-годишна девојка од Битола дека на социјална мрежа ќе објави фотографии со кои ќе ѝ наштети на нејзината и честа и угледот на нејзиното семејство, извршил обљуба врз неа. Покрај ова, тој на истиот начин ја принудил да му исплати пари, стекнувајќи се со имотна корист од околу 5.500 евра.
Во извршување на ова дело му помагал второпријавениот Б.Т., кој внимавал некој да не наиде при подигање на парите, кои подоцна ги делеле.
Двајца се лишени од слобода, а со судска наредба, полициски службеници од СВР Битола извршија претрес во домот кој го користат, при што беа пронајдени докази и предмети за кои постои сомнение дека со поврзани со делата.
Судија на претходна постапка на В.Т. му определи мерка притвор, а на Б.Т. мерка на претпазливост.