Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да биде сместен во олимпиското село за време на Иигрите во Париз, пренесува „Клеј тенис“.
Како причина за ваквата одлука се наведуваат претходните Олимписки игри, кога Ѓоковиќ привлекуваше големо внимание од другите спортисти.
„Очекуваме Новак да пристигне во следните неколку дена, иако нема да остане со нас во селото“, ја пренесува споменатиот портал изјавата на неименуван извор од организациониот тим на српската делегација.
Новак го направи истото во Рио во 2016 година, но во Токио сакаше да почувствува каков е животот во „селото“.
Беше еден од најбараните спортисти, сите сакаа фотографија со него, па многумина веруваат дека и ова. влијаеше на неговиот неуспех. Во Токио не успеа да освои медал