Владата именуваше нови директори на повеќе затвори и други институции

Денеска Владата на Република Северна Македонија одржа редовна седница на која донесе повеќе одлуки и решенија.

Владата усвои информација за вработувања на 600 приватни специјализанти кои ќе работат во Јавните здравствени установи во државата. Министерството за здравство е задолжено да ги формулира критериумите по кои ќе се вработат специјализантите во две фази, во наредните две години по 300 лица годишно. На овој начин ќе се даде шанса за млад здравствен кадар во македонското здравство, активно ќе се влијае за намалување на метежот во здравствените институции и ќе се излезе во пресрет на долгогодишните барања за доекипирање на здравството.

Владата го задолжи Министерството за финансии да изготви Закон со кој ќе се регулира специјалната финансиска соработка со Унгарија за обезбедување на 500 милиони евра кој ќе бидат наменети за капитални проекти во општините и домашното стопанство.

Министерството за транспорт ја информираше Владата дека успеа да постигне согласност со изведувачот на автопатот Кичево – Охрид, Синохидро за да ја повлече арбитражата пред Меѓународниот суд за арбитража во Париз со кој беше оптужено Јавното претпријатие за државни патишта. На овој начин се заштедени над 50 милиони евра кои ќе беа потрошени доколку арбитражната постапка продолжеше.

Министерството за финансии информираше за одлуката за одземањето на Лиценцата за приредување на игри на среќа во автомат клуб издадена на Друштвото за производство, трговија и услуги „АРЕНА ГАМИНГ” ДООЕЛ Струмица. Даночниот обврзник не ги подмирувал месечните обврски за даночните давачки  за целиот период на контролата и не работел во согласност со законот. Воедно констатирано е дека Државна лотарија незаконски доделувала лиценци за приредување на игри на среќа, за што ќе бидат информирани и надлежни истражни институции.

Воедно, на владината седница беа донесени повеќе кадровски одлуки.

По констатираните неправилности од Управата за извршување на санкции во работењето на КПУ Затвор Скопје – Скопје, разрешен е директорот на затворот, Филип Андов. На негово место назначен е Бобан Утковски за в.д. директор на КПД Затвор – Скопје.

Фадил Асани е именува за в.д. заменик на директорот на Агенција за храна и вeтеринарство.

Зоран Крстаноски е именува за директор на Управата за имотно-правни работи.

Илија Стоилев е именуван за в.д. директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Фадиљ Асани е именуван за в.д. заменик на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Христина Смилевска е именувана за в.д. заменик на директорот на Агенција за стоковни резерви.

Ибрахим Ељези на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. заменик на директорот на КПД Идризово со отворено одделение во Велес.

Дејанчо Здравков на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. директор на КПУ Затвор Штип.

Ѓорги Хубрев на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. заменик на директорот на КПУ Затвор Штип.

Емил Јанески на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. директор на КПД Прилеп.

Диме Наумчески на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. заменик на директорот на КПД Прилеп.

Ардит Мустафаи на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. директор на КПД од отворен вид Струга.

Александар Мојсов на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. заменик на директорот на КПД од отворен вид Струга.

Александар Јовковски на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. директор на КПД Затвор Битола.

Слаѓана Стаменковска на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именувана за в.д. директор на КПД Затвор Гевгелија.

Оливер Цветковски на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именувана за в.д. директор на КПУ Затвор Куманово со отворено одделение во Крива Паланка.

Хамид Алитовиќ на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. заменик на директорот на КПУ Затвор Куманово со отворено одделение во Крива Паланка.

Климент Софковски на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. директор на КПД Затвор Охрид.

Мите Костески на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. заменик на директорот на КПД Затвор Охрид.

Зоран Ристов на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. директор на КПД Затвор Струмица.

Игор Додевски е именуван за в.д. заменик на директорот на Казнено поправна установа Затвор Тетово.

Бране Стојчески на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. директор на ВПУ Воспитно – поправен дом Тетово.

Од должноста претседател и членови на Управниот одбор на Фонд за иновации и технолошки развој, Владата ги разреши: од претседател Моника Младеновиќ, од членови: Фатљуме Реџа-Лусњанин, Наташа Гешоска, Шерефедин Ибиши, Љубомир Поповски, Дардан Селмани и Адријан Фазлија а за членови да ги именува: Иво Николов, Благоја Денковски, Кирил Ковчегарски и Бојана Наумоска за период од три години, Нада Цветкоска, Маријана Ѓорѓиевска и Благојче Лазороски за период од две години.

Имено, Владата му препорача на Управниот одбор на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје ц.о од должноста директор на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје, да го разреши Костадин Ацевски, а за в.д. директор да го избере Нуредин Фетаи.

Владата му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие за Државни патишта за в.д. заменик директор на Јавно претпријатие за Државни патишта да го избере Назим Таипи.

Треба да знаете
Последни објави