Попладнево подрачјето на Херцеговина беше погодено од послаб земјотрес.
Епицентарот бил во близина на Мостар, односно на 49 од Мостар, соопшти ЕМСЦ.
Јачината на земјотресот е 2 степени според Рихтер, а длабочината 15 километри.
Земјотрес од 3,1 степен утрово беше регистриран и во околината на Пехчево и на Берово.
Според информациите на Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот се случил во 8 часот и 46 минути. Тој беше втор земјотрес во два дена на истото епицентарно подрачје.