Kанада, Австралија и Нов Зеланд денеска во заедничко соопштение повикаа на итен прекин на огнот во Појасот Газа и предупредија на ризикот од ширење паралелен конфликт меѓу либанскиот Хезболах и Израел.
Тие побараа Израел да одговори на судот на Обединетите нации, кој минатата недела пресуди дека окупацијата на палестинските територии и тамошните населби се нелегални.
„Ситуацијата во Газа е катастрофална. Човечкото страдање е неприфатливо. Тоа не може да продолжи“, се вели во соопштението на трите држави.
„Израел мора да ја уважи загриженоста на меѓународната заедница. Заштитата на цивилите е најважна и тоа е барање на меѓународното хуманитарно право. Палестинските цивили не можат да ја платат цената на поразот на Хамас. Ова мора да заврши“, се вели во соопштението.
Канада, Австралија и Нов Зеланд, исто така, рекоа дека Израел мора да ги повика екстремистичките еврејски доселеници одговорни за актите на насилство врз Палестинците, да ја запре програмата за населување на Западниот Брег и да работи на решение со две држави за конфликтот со Палестинците.