Објектот каде се наоѓаше Бриколаж во скопска Керамидница деновиве е целосно урнат.
На локацијата се забележуваат само багери и камиони кои го расчистуваат градежниот шут, а просторот веќе се оградува.
Токму на оваа локација е предвидена изградба на голем маркет на германската компанија Лидл која пред неколку години донесе одлука да инвестира во Македонија.
Лидл веќе гради голем регионлен дистрибутивен центар во Куманово, а освен Скопје, маркет треба да отвори и во околината на Битола.
Лидл од Германија е најголемиот европски синџир на супермаркети, присутни се во 30 земји во Европа и во САД.
Во Македонија Лидл ќе инвестира 80 милиони евра и треба да вработи над 150 луѓе.