На граничниот премин Табановце утринава за влез во земјава се чека околу еден час, а на граничниот премин Богородица времето на чекање за излез од земјава е од 30 до 40 минути, информира Авто Мото сојузот на Македонија.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по cуви коловози. Фреквенцијата на возила надвор од градските средини е зголемена.