Силен земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција.
Епицентарот на земјотресот бил во близина на Крит на длабочина од 20 километри.
Засега нема информации за материјална штета или повредени.
Попладнево исто така подрачјето на Босна и Херцеговина беше погодено од послаб земјотрес.
Епицентарот бил во близина на Мостар, односно на 49 километри од Мостар, соопшти ЕМСЦ.
Јачината на земјотресот е 2 степени според Рихтер, а длабочината 15 километри.
Земјотрес од 3,1 степен утрово беше регистриран и во околината на Пехчево и на Берово.
А според информациите на Сеизмолошката опсерваторија, овој земјотрес се случил во 8 часот и 46 минути. Тој беше втор земјотрес во два дена на истото епицентарно подрачје.