Пратеници во македонското Собрание на нивните службени меилови добиле закани, дознава 24инфо.мк
Како што дознаваме, пораките со заканувачка содржина биле испратени од непозната електронска адреса кај неколку пратеници, а вчера заканите во полиција ги пријавил претставник на политичката партија од каде доаѓаат пратениците.
По пријавата, за настанот била известена Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје.