Триесет и двегодишен скопјанец доби кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојничка кражба“ и „полово вознемирување“.
„На 19.07.2024 во продажен објект во Драчево во Скопје, пријавениот физички ја нападнал вработената и одзел производи, по што го напуштил местото. Набргу се вратил без облека и ја повикал за да ги плати производите“, информираат од МВР.
Веднаш по настанот тој бил фатен и лишен од слобода.