Делегациите учесници на Олимписките игри во Париз во 2024 година продефилираа покрај реката Сена и го привлекоа вниманието на целиот свет, а за грешката што ја направија Албанците со денови ќе се зборува во таа земја. Осум албански спортисти се појавија на реката на самиот почеток на парадата, бидејќи по азбучен ред се меѓу првите репрезентации.
Според албанскиот новинар Ермал Кука, Албанците низ Париз вееле погрешно знаме на својата земја. Всушност, тој ја обвини делегацијата дека на светот му покажала евтина копија што се купува на пазарите, а знамето што спортистите го држеле во раце додека бродот пловел по Сена не е официјално знаме на неговата земја.
„Ова е неверојатно, апсурдно и срамно! Албанија на свеченото отворање на Олимписките игри беше претставена со едно од лажните албански знамиња што ги купувате на евтини пазари! Ова не е официјалното знаме на Албанија“, напиша тој на социјалните мрежи.