Совршено крцкави парчиња пилешко мевце, валани во смеса од мелени переци, послужени со кремаст сос од мед и сенф – совршен ручек!
Освен што ќе ве освои со вкусот, овој рецепт е многу практичен бидејќи може да се пржи во тава или во фритеза со воздух, а готов е за само 30 минути!
Потребни состојки:
– 4 шолји мелени переци
– половина лажиче сол
– прстофат црн пипер
– 2 јајца
– половина лажиче мед
– 550 г пилешки гради
– 1 шолја сончогледово масло
– половина лажиче мајонез
– 1 лажица сенф
– свеж магдонос
Приготвување:
Ставете ги переците во блендер и сомелете ги до фина текстура. Во плиток сад измешајте ситно мелени переци, сол и бибер.
Во друг плиток сад изматете ги јајцата со 1 лажица мед. Потопете по едно парче пилешко во смесата со јајца, оставете го вишокот да се исцеди, а потоа ставете го во смесата со переци и нежно притиснете за да се залепи смесата. Се редат во еден ред на чинија.
Загрејте го маслото во голема тава на средна топлина на околу 150°C. Додајте ги панираните пилешки стекови во рамномерен слој и пржете 6-8 минути, превртувајќи ги еднаш, додека заруменат.
Оставете ги да се исцедат на чинија обложена со салфетка. Пилешкото можете да го испржите и во фритеза со топол воздух.
Додека пилешкото се пржи, во сад изматете мајонез, сенф и половина лажичка мед. Послужете ги пилешките мевца со сос од мед и сенф, а по желба украсете ги со сечкани листови свеж магдонос.