Овие три деликатеси и денес се популарни со причина, а ние ви ги пренесуваме старинските рецепти за нивна подготовка.
Сутлијаш
Потребни состојки
750 гр ориз;
750 мл млеко;
4-5 лажици шеќер;
Прстофат сол.
Подготовка
За подготовка на сутлијашот, варете го оризот во вода околу 3 минути, а потоа исцедете го. Посолете го млекото и ставете го на оган да зоврие. Додадете го оризот и варете на тивок оган додека оризот не го впие млекото, не мешајте. Во сварениот ориз додајте шеќер и внимателно мешате за зрната да останат цели.
Кох
Потребни состојки
5 јајца;
13 лажици шеќер;
10 лажици гриз;
1 литар млеко;
2 кесички ванилин шеќер.
Подготовка
Одделете ги белките од жолчките, а потоа изматете ги белките во цврст снег. Во белките додајте 10 лажици шеќер, па изматете уште малку. Потоа додајте го жолчките и гризот полека мешајќи со миксер на најмала брзина. Намачкајте го плехот и посипете го гриз, па истурете ја масата и печете на 200 степени 20 минути. Кохот се пече кога ќе порумени и ќе почне да се одвојува од работ на плехот.
Додека се пече кохот, сварете го млекото со 3 лажици шеќер и ванилин шеќер. Доколку сакате кохот да биде посочен, користете литар и пол млеко и додајте уште 3 лажици шеќер. Испечениот кох преливајте ги со топло млеко (никако не го истурајте сето одеднаш). Послужете кога ќе се излади и кога ќе впие целото млеко.
Шненокли
Потребни состојки
4 јајца (да се одвојат жолчката и белката);
100 гр шеќер;
Околу 2 литри млеко;
1,5 лажици брашно (или густин);
1 лажичка екстракт од ванила;
2 кесички ванилин шеќер.
Подготовка
Со миксер изматете ги белките во цврста смеса. Истурете го млекото во длабоко тенџере, додајте го екстрактот од ванила и оставете да зоврие. Кога млекото ќе зоврие, намалете ја температурата, па со лажица извадете и изматените белки и внимателно спуштете ги во врелото млеко. Шненоклите се варат по 1,5 минута од секоја страна, па се вадат од млекото и редат во сад.
Крем за шненокли
Изматете ги жолчките и шеќерот, па во таа смеса додајте густин и брашно и 2 лажици млеко во кое се вареле шненоклите и сето тоа убаво измешајте го. Млекото во кое шненоклите се вареле ставете го повторно да врие, а температурата намалете ја. Полека додавајте ја смесата со жолчките со постојано мешање и варете сè заедно – додека не се згусне.
Кога смесата ќе згусне, тргнете ја од шпоретот и оставете малку да се излади. Кога преливот ќе се излади, прелијте го врз шненоклите.
Чувајте го колачот во фрижидер.