Во однос на прес-конференцијата на политичката партија СДСМ го истакнуваме следново:
Постоеше таков предлог за именување на в.д. заменик на директор на КПД Идризово, но по направените дополнителни проверки истиот не е прифатен.
Лицето нема да стапи на функција, и ќе има ново именување на позицијата на следната седница на Влада.
Во однос на директорот на затворот во Прилеп за секој поединец има пресумпција на невиност, постоењето на кривична пријава без пресуда која е правосилна не е гаранција за сторено кривично дело.
Апелираме СДСМ да не шпекулира и да ја дезинформира јавноста.