Граѓаните за новото задолжување на Владата: Касата празна, животот мизерен, мора да се задолжуваме за да живееме (ВИДЕО)

Владата на Република Македонија повторно ќе се задолжи, овој пат половина милијарда евра и тоа за прв пат во историјата кај странска земја, кај Унгарија, која како што вели премиерот им дала поволни услови или камата од 3,25 проценти, три години грејс период и 12 години рок на отплата. Сепак, ни Мицковски не знае од каде Унгарија ги обезбедила овие пари за нашата земја.

Поради ова и унгарскиот медиум „Портфолио“ истражи и објави дека унгарската Влада тајно позајмила една милијарда евра од кинеските банки оваа пролет, а медиумот се повикуваше на ажурираната статистика на Центарот за јавно менаџирање на јавниот долг.

Опозицијата пак вели е загрижена. За нив нелогично е зошто една земја која нема пари да даде, се задолжува од друго место со многу поголема каматна стапка, а нас ни дава заем со помала каматна стапка.

Токму ова беше причина 24инфо да направи анкета и да ги запраша граѓаните за тоа каков е нивниот став по повод најновото задолжување.

Сите се децидни дека ниту едно задолжување не е добро, но дека доколку на конец висат нивните плати и пензии тоа е задолжително.

Велат ако се трошат каде што треба убаво ќе биде, ако се трошат како до сега залудно ќе биде се.

Касата е празна, граѓаните се плашат дека нивниот опстанок е загрозен, а сметките се се поголеми, па новото задолжување го гледаат како надеж за поголеми примања.

Други пак велат задолжени сме до гуша, пари нема од никаде, живот е мизерен… треба домаќински да се работи.

Целата анкета погледнете ја во продолжение.

Н.Ј.

Треба да знаете
Последни објави