Денеска (29.07.2024) двата хеликоптери од Одделот за воздухопловни единици на МВР дејствуваа на повеќе места каде што имаше пожари од поголем обем и беа загрозени неколку села, каде што гореа и куќи.
Хеликоптерот Бел 412 исфрли 10 тони вода врз пожарот во село Малино, а потоа продолжи да дејствува врз пожарот кај село Немањица. Хеликоптерот Ми 171 исфрли над 40 тони вода во 18 налети врз пожарот во село Немањица.