За големиот Македонски национален и верски празник “Илинден” во Македонија ќе продолжи периодот на стабилно, суво и многу топло време. Повремено ќе засилува ветер од променлив правец, додека температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 40 степени.
Во Скопје и околината исто така за големиот празник ќе имаме стабилно, суво и многу топло време, максималната температура во Скопската котлина ќе се искачи до околу 40 степени.
Мала дестабилизација на времето ќе има во сабота попладне, кога ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Ќе продолжи многу високиот Ув индекс кој ќе има коефициент помеѓу 8 и 9.