Уапсена мајка затоа што ја натерала ќерката на принуден брак

Мајка стана првата личност која е затворена според законите за присилни бракови во Австралија, затоа што и наредила на својата ќерка да се омажи за маж кој подоцна ќе ја убие 21-годишната девојка.

Сакина Мухамед Јан, која е во доцните 40-ти години, беше прогласена за виновна за принудување на Рукија Хајдари да се омажи за 26-годишниот Мохамад Али Халими во 2019 година, во замена за паричен надоместок, пренесува „BBC“.

Шест недели по свадбата, Халими ја убил својата нова невеста – кривично дело за кое сега издржува доживотна затворска казна.

Во понеделникот, Јан – која се изјасни за невина – беше осудена на најмалку една година затвор, за како што судијата го нарече „неподнослив притисок“ што го извршила врз нејзината ќерка.

Законите за присилни бракови беа воведени во Австралија во 2013 година и предвидуваат максимална казна од седум години затвор.

Се чекаат неколку случаи, но Јан е првиот осуден за прекршокот.

На судењето беше обелоденито дека Хајдари прво била принудена да влезе во неофицијален верски брак на 15-годишна возраст – заедница која завршила по две години – и дека не сакала повторно да се омажи додека не наполни 27 или 28 години.

„ТАА САКАШЕ ДА СТУДИРА И ДА СЕ ВРАБОТИ“, РЕЧЕ СУДИЈАТА ФРАН ДАЛЗИЕЛ ВО ИЗРЕКУВАЊЕТО НА ПРЕСУДАТА.

Иако Јан можеби веруваше дека таа дејствува во најдобар интерес на нејзината ќерка, Далзиел рече дека постојано ги игнорирала желбите на Хајдари и ја „злоупотребила“ нејзината моќ како мајка.

Треба да знаете
Последни објави