СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.Б.(19) од светиниколско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „злоупотреба на лични податоци“.
– На 09.07.2024, пријавениот од својот број на друго лице пратил фотографии со експлицитна содржина од својата партнерка, ја сменил лозинката на нејзиниот профил на социјална мрежа и објавил фотографии, споделија од полицијата.