Повторно голем пожар денеска околу 15:30 часот избувна над селото Негрево кај месноста Буковик.
На терен моментално се пожарникари од Доброволното противпожарно друштво од Пехчево, Територијалната противпожарна единица од Берово и месно население.
-Апелираме за помош и од други лица, за да помогнат да се изгасне пожарот. Апел до сите граѓани од Пехчево и околината да внимаваат, бидејки при високи температури може да настане пожар од големи размери, информира пожарникарот Марјан Митриновски.
Нови детали за пожарот од терен се најавени во текот на денот.