Бебе Реџа, британска пејачка со албанско потекло, настапи на првата вечер на фестивалот „Сани Хил“ кој се одржува Косово.
Беба Реџа оттаму се упатила да го посети родниот град на татка си во Дебар, Македонија.
Пејачката го посетила гробот на својот дедо и објавила низа фотографија. По објавувањето на Инстаграм предизвика бројни коментари.
– По 12 години се вратив во родниот град на татко ми во Дебар, Македонија. Повторното поврзување со моите корени и семејството беше длабоко емотивно. Посета на гробот на дедо ми беше особено значајна, бидејќи не можев да присуствувам на неговиот погреб додека бев на турнеја. Семејството ми значи сè, а оваа посета ме потсети на важноста на нашите врски – напиша таа во описот на серијата фотографии што ги објави.
Сепак, Бебе Реџа не застана тука, додаде коментар кој предизвика хаос.
„Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора, Прешево, за мене сè е моја Албанија“, напиша Реџа на Инстаграм.
Очекувано, овој коментар беше остро критикуван од корисниците на социјалните мрежи, а многумина потенцираа дека треба да ѝ се забрани влез во Македонија, Црна Гора и Србија.
Објавата од инстаграм можете да ја погледнете со клик ТУКА.