Пожарот во Дојран што почна од депонијата, веќе ја зафати вегетацијата и се прошири кон околната населба, изјави директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.
„Немаме изгорени куќи, туку само една или две куќи коишто се благо зафатени од огнот и имаат сосем мали оштетувања“, рече Ангелов.
Toj aпелира до граѓаните кои живеат во полунапуштените села итно да се евакуираат ако слушнат дека во нивна близина има активен пожар. Да не чекаат огнот да дојде до селото, освен ако не е организирана одбрана од локалните власти и пожарникари, кога е пожелно да помогнат.
Првиот човек на ЦУК, објави дека повторно е активиран ЕУ механизмот за заштита и спасување и побарана е помош од воздухоплови.
Топлото време и ветрот го отежнуваат гаснењето, а во моментот беснеат тешки пожари на територијата на Дојарн и Свети Николе. Најголемата пожарна линија се движи од општина Свети Николе во насока на Куманово, каде моментално делуваат трите ертрактори.
Пожар има на територијата на Старо Нагоричани кој се заканува да зафати неколку напуштени села.
Претходно, заменик-генералниот директор на „Национални шуми“, Кире Михаилов, го повика на одговорност градоначалникот на Дојран, Aнго Ангов, за пожарот. Тој тврди дека дојранската депонија, кога се запалила, била заклучена и оставена без чувар и поради тоа екипите на противпожарната бригада не биле во можност да влезат во депонијата и да спречат огнот да се прошири.