Вреди“ собира евтини политички поени и се обидува да го копира ДУИ за да му се додвори на албанскиот електорат. Но, тоа се погрешни политики. Времето на етнизација и поделби по етнички клуч треба да биде минато. Треба да се насочиме кон економијата, да поставиме систем на владеење, да се знае ред согласно законот и тоа да го почитуваме сите. Граѓаните не плаќаат за да обезбедиме подобри услови за живот, оцени вечерва претседателот на Движењето ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.
Во дневникот на ТВ Сител, Димитриевски порача дека владината коалиција функционира, но има различни ставови, особено по националните прашања кои доаѓаат од „Вреди“. Долгорочна соработка е можна, подвлече, само ако се почитуваат законите кои треба да важат еднакво за сите.
Според Димитриевски, општо неприфатливо и недозволиво е да се формираат други академии во земјава, освен МАНУ.
-Времето на етнизација и поделби по етнички клуч треба да биде минато, треба да дојде време на квалитетот, а квантитетот што доаѓа од политичките субјекти да биде сузбиен. Нашата намера е да работиме на деполитизација на системот, но дополнително и да го спроведуваме законот, а не да го толкуваме. Нашиот министер за администрација го цитираше законот, а законот е јасен, дека се пресметува согласно процентот на населението кое живее во Македонија. Ние ќе бараме почитување и на законот за истакнување на одбележјата или знамињата на етничките заедници. Владината коалиција функционира, но факт е дека има различни ставови, особено по националните прашања кои доаѓаат од нашиот коалициски партнет „Вреди“ со кој ние и немаме реално потпишано коалиција, туку имаме потпишано договор за Влада, односно поддршка на владината програма. Факт е дека собираат евтини политички поени на таа тема кај својот електорат, мислејќи дека ќе излезат поголеми патриоти од оние кои претходно беа. Всушност, се враќаат на принципот на ДУИ-зација кој за нас е минато или барем мислиме дека е минато, но како и да е, секогаш ќе ги корегираме и ќе ги носиме нашите одлуки согласно моментумот, објасни Димитриевски во врска со Балансерот.