Фронтот на огнот од светиниколското с. Немањица е многу широк но во овој момент населените места не се во опасност, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.
Од таму додаваат дека на терен работат поголем број пожарникари, а во приправност има доволно припадници на Армијата кои се вклучуваат по барање на локалните командири.
Од ЦУК информираат дека денеска, со цел ставање под контрола на огнената стихија, од воздух ќе делува еден армиски хеликоптер и три ер трактори на ДЗС.
Тие ќе полетаат за неколку минути и ќе дејствуваат во Светиниколско на линијата од пожарот што се движи кон Куманово.