Голем пожар избувна во Стар Дојран кај депонијата, во месноста Карач и според информациите оттаму се зафатени три куќи. Се евакуираат жителите, а повредени нема.
Веста ја потврдија градоначалникот на Дојран, Анго Ангов и директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.
Според Ангов, се работи за голем пожар кој гори веќе неколку часови и во неговото гаснење покрај месното население учествуваат пожарникари од Дојран, Валандово, Гевгелија и Струмица.