Деветгодишно девојче им подлегна на повредите при напад со нож во градот Саутпорт, Англија, потврди локалната полиција.
Таа е третата жртва на нападот што се случи за време на час по танц во мирниот англиски крајбрежен град околу пладне во понеделникот.
Според полицијата, девојчињата кои во понеделникот ги загубиле животите биле на шест и седум години.
Во нападот се повредени уште осум деца, од кои пет се во критична состојба. За живот се борат и двајца возрасни.
Нападот се случил околу пладне во понеделникот, кога напаѓачот со нож влегол на час по танц и јога на кој присуствувале околу 25 деца на возраст од шест до 11 години.
Напаѓачот набрзо бил уапсен, а полицијата констатирала дека се работи за 17-годишен малолетник.
Кај него е пронајден нож со кој е извршено кривичното дело.
Мотивот засега е непознат.