Илјадници граѓани преку препродажба на производи на Фејсбук, Инстаграм и други социјални мрежи заработуваат за живот или создваат дополна на својот месечен буџет, а има и стотици други кои прават торти, колачи, декорации за да заработат некој денар.
Но наскоро сите овие граѓани ќе мора да влезат во даночниот систем и да плаќаат одреден вид на данок.
Ова во интервју за порталот Република го најави директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова.
„За овие дејности има законски начин на оданочување, односно т.н паушално оданочување на дејности од времен карактер. Но,очигледно затаиле некои механизми штом има толку многу неоданочени даночни обврзници. Прво ќе се оди кон информирање на даночните обврзници и нивните обврски. Паушалот ќе биде различен, ќе се прават пресметки, во зависност од местото каде што се врши дејноста, бројот на часови, односно сразмерно на приходите што може да се остварат од вршењето на дејноста“ вели Петрова.
Во таа наскока е и онлајн шопинот и оданочување на сите што продаваат производи преку Фејсбук и Инстаграм.
„Сега сивата економија од пазарите и улиците се префрли на интернет и оваа област бара засилен фокус на УЈП преку информирање кои се нивните законски обврски а потоа и контроли.Како едно среднорочно решение за онлајн тровијата е планирано во рамките на системот за е-фактура да бидат приклучени сите тие продавачи преку законска обврска. Документите што ќе се издаваат за еден таков реализиран промет да бидат фискализирани, што значи дека пред да бидат издадени на купувачот да поминат низ системот на УЈП“ изјави Петрова за „Република“.