Почитувани мои, покрај многу високите температури кои ги очекуваме и во следниот период, од утре (среда) во попладневнитењ часови, па се до крајот на оваа недела повторно од Сахара кон нашата територија, но и на територијата на целиот регион ќе се врши транспорт на прашина и на песок, со што и Атмосферата повторно ќе биде заматена, а времето ќе биде мачно и спарно, па така температурите на воздухот ќе ги чувствуваме како да се повисоки од реално измерените.
Ваквата ситуација е поради јужното и југозападно струење на висина, па така оваа Сахарска прашина и песок најпрвин ќе ја зафати југоизападна и западна Европа, потоа ќе се преместува кон централна Европа и северен и централен Балкан, и утре попладне ќе пристигне и кај нас во Македонија.
Сепак, не се работи за огромно количество на прашина и песок како изминатите пати кога имавме пустинска прашина и песок, тука таа ќе биде во значително помали количини.