Додека во анкетните листови на новопоставените министри и директори можат да се забележат бројни недвижности, фирми, колекции на уметнички слики па дури и Биткоини, кај некои од функционерите, листовите се „посиромашни“.
Таков е примерот со министерот за спорт Борко Ристовски, кој во својот анкетен лист доставен до Државната комисија за спречување на корупцијата нема наведено ниту една недвижност.
Графата недвижен имот, кај Ристовски е празна. Од имот тој има пријавено патничко возило Тојота Рав 4 проценето на 3,72 милиони денари односно над 60.000 евра и часовници од вкупна вредност од близу пет милиони денари или над 80.000 евра.
Борко Ристевски е поранешен репрезентативен голман, а потоја ја водеше комисијата за спорт во ВМРО-ДПМНЕ.