Како дел од европската турнеја ,,Blue Electric Light” и промоција на истоимениот албум, рок-ѕвездата Лени Кравиц го носи своето спектакуларно шоу во Охрид на 4 – ти август на СРЦ Билјанини Извори. Кравиц настапуваше на финалето на Лига на Шампиони, што само по себе кажува за неговиот актуелен статус во светот на entertainment-от. Настапот е во рамките на годинешното издание на музичкиот фестивал Охрид Колинг.
Големо внимание по социјалните мрежи привлече поставената гитара на Лени во Охридското езеро, која всушност беше 3Д монтажа и дел од маркетинг концептот кој се реализира и во други светски градови кои се дел од турнејата на Лени Кравиц.
За оние кои сеуште не набавиле влезници Миа Милошеска од Авалон со порака да побрзаат. Ова е трето гостување на Кравиц во Македонија. Првиот концерт го одржа во Охрид во 2008 година и во 2019 година во Скопје. Лени Кравиц неговиот нов албум со наслов „Блу електрик лајтс“ го промовираше на 24-ти мај.