Ќе доцни исплатата на пари од мој ддв, граѓаните ќе треба да го чекаат ребалансот на буџетот па потоа парите на сметка од повратот на ДДВ. Ребалансот на буџетот се очекува во првата недела на следниот месец.
Од УЈП за ТВ 24 тврдат дека во сегашниот буџет пари за исплата на мој ддв нема.
„Со Буџетот на Управата за јавни приходи за 2024 година, биле планирани средства од 2,038,400,000 денари. Од овие планирани средства, се потрошени скоро 80% за веќе извршените две исплати во 2024 година . Со ребалансот на Буџетот, кој е во Собраниска процедура, ќе се обезбедат потребните средства за уште два турнуса на исплати во 2024 година.“ – велат од УЈП.
Што се однесува на повратот на ддв за компаниите, од УЈП велат дека Исплатата за редовниот поврат на ДДВ кон стопанството не е поврзано со ребалансот на буџетот. Овој поврат се реализира тековно.
„Што се однесува до редовниот поврат на ДДВ на компаниите, односно на ДДВ обврзниците, овој поврат се исплаќа од средства што се собираат тековно како наплатени јавни приходи.“ – велат од УЈП.
Пректот „Мој ддв“ го воведе пртепходната влада, како инстумент со кој треба да се засили даночната дисциплина, односно да се издаваат фискални сметки во трговијата кој потоа граѓшаните ги скенираат за поврат на ддв. Сега максималниот износ на повратот изнесува 2100 денари. Граѓаните велат дека скенираат сметки за поврат на ддв.