Скопската полиција презема мерки за расчистување на случај кој бил пријавен на 30.07.2024 во 11.30 часот во СВР Скопје од страна на 35-годишна жена од Скопје.
Таа пријавила дека на 29.07.2024 околу 22.40 часот на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот сопруг И.Ц.(39) ѝ упатил закани и со тврд предмет го оштетил нејзиното патничко возило.