Дуа Липа се пофали со фотографии од Косово, каде што пристигнала заедно со семејството, дечкото и пријателите заради „Sunny Hill“ фестивалот кој самата го организираше.
Нејзините пријатели од Велика Британија позираа покажувајќи го симболот за двоглав орел.
„Имам толку многу работи за објавување од изминатиот фестивал „Sunny Hill“. Не знам од каде да почнам!. Толку сум горда што не можам да го опишам чувството. Толку ме радува тоа што гледам во што се претворил овој фестивал. Ме радува тоа како расте и станува нешто што никогаш не сме го ни сонувале. Ова го работам заедно со семејството и тоа беше највозбудливиот дел, најубавиот, понекогаш и стресен, но и нешто најкорисно во коешто учествувам. „Навистина е „потребно село за успех“ (повеќе луѓе), а ние ова го правиме за нашиот град. Им благодарам на сите кои зедоа учество во фестивалот, сите уметници и нивните тимови, толку сме благодарни“, напиша Липа под фотографиите од Приштина.
Но ова е прва посета на Косово за нејзиниот дечко актерот Калум Тарнер.
Потсетуваме гласините за нивната романса се појавија во јануари на премиерата на серијата „Masters Of The Air“ во која глуми Тарнер. Парот беше приметен во јавноста неколку пати, вклучувајќи го „after party“ на Греми наградите и Брит наградите. Парот беше виден во прошетка низ Њујорк по објавувањето на нејзиниот албум „Radical Optimism“ во мај. Тарнер е постар од Липа шест години, а својата актерска кариера ја започнал во 2001 година. Познат е по улогите во серијалот филмови „Фантастична ѕверка“ и филмот на Џорџ Клуни „The Boy in the Boat“, освен со актерство се занимава и со манекенство.
Родена во Лондон па се преселила со родителите во Косово
Дуа Липа една од најголемите поп ѕвезди на светот, родена е во 1995 година во Лондон, во семејство со потекло од Косово, а кога имала 11 години се преселила со семејството во Косово, но брзо се вратила во Англија за да ја продолжи својата музичка кариера.
„Јас сум од двете места истовремено. Кога луѓето ќе чујат за Косово, не сакам да кажат: Ох, она Косово што е разурнато од војна? Не, Косово има што да понуди“, изјави пејачката кога пред две години доби албанко државјанство.
Во една прилика таа изјави дека во ниеден случај немаше да успее во намерата да стане пејачка доколку не го напуштеше својот косовски дом. Додаде дека и пречи тоа што на бројни млади луѓе од нејзината татковина таква шанса никогаш нема да им се појави.