Министерството за животна средина и просторно планирање ги информира заинтересираните апликанти дека EU CINEA ги објави и роковите за различните повици за 2024 година за предлози на проекти за што се достапни за финансирање во рамки на европската Програмата ,,Живот” (LIFE) .
Информации за сите рокови, областите и условите за финансирање на проекти и се достапни на следниот линк: https://cinea.ec.europa.eu/…/life-calls-proposals-2024…
Повиците генерлно се достапна за сите правни субјекти (јавни институци, научни институции, приватен сектор, граѓански зрдуженија и други согласно објавените повици).
Европската Унија организираше инфо денови за сите повици за 2024 г. со цел да го олесни процесот на аплицирање на заинтересираните апликанти. Повеќе информации со достапни видео содржини можете да најдете на слениот линк:
https://cinea.ec.europa.eu/news-events/events/eulife24-info-days-2024-04-23_en
Апликантите кои ќе аплицираат на повиците за Програмата на Унијатa „Живот” (LIFE) во 2024 година, ќе бидат евалуирани од страна на независни ЕУ евалуатори.
Европската Програмата ,,Живот” (LIFE) има за цел да ја олесни транзицијата кон одржлива, циркуларна, енергетски ефикасна, заснована на обновливи извори на енергија, климатско неутрална и климатски отпорна економија, согласно Европскиот Зелен Договор. Се очекува активностите кои ги поддржува оваа програма да придонесат за намалување на емисиите на стакленички гасови и да ја намалат ранливоста од штетните влијанија на климатските промени, да го обноват и подобрат квалитетот на животната средина, вклучително воздухот, водата и почвата, како и да влијаат позитивно и да ја намали загубата на биолошката разновидност и дегардација на природата. Во таа насока има за цел да ја намали и спречи деградацијата на екосистемите, вклучително и преку поддршка на имплементацијата и управувањето со мрежата Натура 2000, најголемата мрежа на заштитени подрачја во Европа.
За прв пат Република Северна Македонија, со потпишувањето на Договорот за учество во Програмата LIFE (2023г), обезбеди отворање на нови можности за аплицирање за проекти кои ќе ја подобрат нашата животна средина и ќе придонесат кон борбата против климатските промени.
Договорот за учество на нашата држава во Програмата на Унијата „Живот” (LIFE) за заштита на животната средина и климатски активности е со временска рамка од 2023 година до 2027 година. За учество во програмата во дадената временска рамка, МЖСПП обезбеди домашна контрибуција за учество.
МЖСПП ги охрабрува потенцијални кандидати ги пријават своите идеи во правец на постигнување на зедничките цели за позрава, почиста и зачувана животна средина.