Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска оствари работна средба со новиот генерален директор и претседател на Управниот одбор на АД МЕПСО, Бурим Љатифи.
На состанокот на кој учествуваа и сите членови на новиот управен одбор се разговараше за ревизија на работењето на Друштвото во изминатите години, што како процес почнува веднаш. Раководството ја информираше министерката околу актуелните активности и околу подготовките за почеток на новите капитални проекти во наредниот период. Заеднички се констатирани приоритетите на министерството и АД МЕПСО во насока на изградба на нова електропреносна инфраструктура, како и модернизација и зајакнување на постојната електропреносна мрежа.