Санкционирани 185 возачи во Скопје

Санкционирани 185 возачи во текот на вчерашната акција на Секторот за внатрешни работи Скопје на територијата на главниот град.

– Од вкупно 185 мерки, за возење повеќе од дозволената брзина се изречени 89 санкција, 13 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за некористење сигурносен појас и друго, информираат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави