На македонска граница по грешка и бил даден пасош на туѓо дете

Енормните гужви на граничните премини им создава притисок и на вработените кои мора да бидат сконцентрирани цело време да не направат некоја грешка. Но грешки при брзање се случуваат.

На Фејсбук групата Grcka info, Андреа Петров која влегла во Македонија напиша дека и бил даден пасош на дете кое не е нејзино.

„Само што ја поминавме границата, влеговме во Македонија. По грешка ни вратиле туѓ пасош на дете, на име Јован Добричич, 2013 година. Ѕвоневме на преминот, никој не се јави, ве молам ако некој го познава семејството да се јави…“ се вели во објавата.

Набрзо потоа, откако грешката ја увиделе на граничниот премин им се јавиле и пасошот е вратен на детото на кое му припаѓа.

Треба да знаете
Последни објави