Приведен крадец во Куманово

Денеска (03.08.2024) во 08.00 часот во Куманово полициски службеници го лишиле од слобода Н.З.(58) од Куманово поради тоа што околу 06.30 часот на автобуска постојка во с.Пезово, со уште едно женско лице со употреба на физичка сила од С.П.(84) од с.Пезово, кумановско, одзеле пари и го напуштиле местото на настанот со патничко возило „форд галакси” со кумановски регистарски ознаки, кое на 02.08.2024 околу 16.30 часот го одзеле пред викенд куќа во с.Скачковце, кумановско, сопственост на Ј.М.(47) од Куманово.

Возилото и дел од одземените предмети се вратени на оштетените. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави