ВМРО-ДПМНЕ има изгубено 100.000 гласови од изборите до денес, велат од СДСМ


Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Христијан Мицкоски ни во својот налош кошмар не можеше да верува дека ќе му се случи вакво фијаско уште во првите недели од неговото владеење. 

Меѓу граѓаните владее огромно разочарување од политиките на ВМРО-ДПМНЕ во првите недели, а оние кои гласаа за Мицкоски и неговите шарени лаги се во шок. 

ВМРО-ДПМНЕ има изгубено околу 100.000 гласови од изборите до денес и ова Мицкоски добро го знае, па се обидува да претстави поинаква слика. 

Под власта на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните на оваа држава ќе живеат во лоши економски услови со ниски плати, во земја која е под целосно подаништво на друга држава, земја задолжена до гуша со пари од сомнително потекло. 

Денес Македонија е изгорена земја која изгуби 2% од територијата заради неспособноста на Мицкоски да се справи со пожарите. Под раководствона ВМРО-ДПМНЕ државата нема стратешки правец, со зацементирани и изгубени шанси за евроинтеграции, но и без јасна алтеренатива. 

Секоја политика од изборите до денес на ВМРО-ДПМНЕ е во насока на богатење на партијата, луксизирање, скапи подароци и создавање одлични услови за богатење на мал слој од општеството, наспроти огромно мнозинство граѓани кои ќе живеат во се полоши услови. ВМРО-ДПМНЕ добро знае дека го изневери народот и дека ништо од тоа што вети на изборите нема да се реализира.

Треба да знаете
Последни објави