Ибрахимовиќ до Ѓоковиќ по победата во олимпиското финале: Едноставно ти си најдобар

Поранешниот напаѓач на Милан, Златан Ибрахимовиќ му се обрати на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ кој вчера го освои златниот олимписки медал.

-Ти си едноставно најдобар! – напиша Ибрахимовиќ на социјалните мрежи.

Триесет и седумгодишниот Ѓоковиќ за првпат во кариерата го освои олимпиското злато, победувајќи го во финалето Шпанецот Карлос Алкараз (7:6 (7:3) и 7:6 (7:2).

Претходно, тој имаше само бронзен медал на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година.

Треба да знаете
Последни објави