Полициска контрола во ноќен клуб во Тетово: Приведени осум странски државјанки и две македонски државјанки кои ги забавувале гостите

На 05.08.2024 во периодот од 01.00 до 02.30 часот, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во ноќен клуб на улица „Маршал Тито”, сопственост на Х.А. од Тетово. При контролата во објектот биле затекнати осум странски државјанки и две македонски државјанки кои ги забавувале гостите, од кои Л.М.(32) од Република Србија немала регулиран престој. Таа била приведена и задржана во полициска станица за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави