Денеска околу 13.15 часот на бул.„Кузман Јосифовски Питу” во општина Аеродром, Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода П.Ќ.(52) од Скопје.
Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната, велат од МВР.