Во четврток во попладневните часови, особено во западната половина од државава, и тоа претежно во планинските предели, како и во планинските предели од централниот дел од државава ќе има краткотрајно дестабилизирање на атмосферата.
Оваа дестабилизација на атмосферата ќе предизвика локално во горе споменатите предели да има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е и појава на краткотрајно невреме со силен ветер и со појава на град. И во делови од Скопскиот регион не се исклучува можноста за ваквата појава, но условите за ова се помали.
Сепак и покрај ова, сушата која ја зафати нашата држава ќе се задржи и понатаму, што значи дека сепак се работи за краткотрајна и локална дестабилизација на атмосферата.