Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја повика владата да развие програма за промовирање на „традиционалните руски духовни и морални вредности“ во странство.
На веб-страницата на Кремљ беше објавено соопштение дека Путин им наредил на функционерите одговорни за националните проекти да одвојат неодреден износ на пари за програмата наречена „Русија во странство“. Програмата ќе има за цел „да ја развие меѓународната младинска соработка и да ги промовира традиционалните руски духовни и морални вредности во странство“, се наведува во наредбата.
Наредбата не ги прецизира вредностите што треба да се промовираат