Возбудлив меч одграа Србија и Австралија во четврфиналето на кошаркарскиот турнир на Олимписките игри.
Австралија беше доминантна во првото полувреме кога во еден момент водеше и 24 поени разлика, но Србите на крилата на Никола Јокиќ се вратија во мечот и по едно одиграно продолжение успеаја да слават со 95:90 и така да се пласираат во полуфиналето.
Таму Србија ќе го чека подобриот од четвртфиналниот меч меѓу Бразил и САД.
Германија утрово обезбеди полуфинале откако убедливо ја совлада Грција, а противникот во полуфиналето ќе дознае откако ќе се одигра мечот помеѓу домаќинот Франција и селекцијата на Канада.